500 ЗЛАТНИ БАЛОНИ ЛЕТНАА НА ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА ЗА ПОДДРШКА НА ДЕЦАТА БОЛНИ ОД РАК

    500 ЗЛАТНИ БАЛОНИ ЛЕТНАА НА ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА ЗА ПОДДРШКА НА ДЕЦАТА БОЛНИ ОД РАКВолонтери пуштија 500 златни балони во чест на децата кои се лекуваат од малигнитет ипо повод „Златен септември“, месец посветен на зголемување на свесноста за детските малигнитети. (Фото: К. Попов)

    Под мотото „Убаво е да си херој“, 500 волонтери денес на Плоштадот Македонија пуштија 500 златни балони во чест на децата кои се лекуваат од малигнитет. Настанот во организација на Детската клиника и невладината организација САНО е по повод „Златен септември“, месец посветен на зголемување на свесноста за детските малигнитети.

    Балоните беа пуштени во знак на поддршка и подигнување на свеста за карциномот кај децата и адолесцентите и проблемите со кои се соочуваат со цел јавноста подобро да ја разбере болеста и да ги ослободи децата од предрасуди.

    „’Златен септември’ е месец кога треба да се зборува за малигните заболувања кај децата, да се подигне свеста за сите аспекти на оваа борба и за време на престојот во болницата и по враќањето во домашната средина по лекувањето.  Златната боја е боја на силата, храброста и упорноста, и е симболична боја за нашите мали, големи херои. Ракот во детството остава длабоки и трајни последици врз растот и развојот на децата, како и врз целото семејство и за жал, оваа малигна болест ги погодува децата од сите возрасти. Борбата низ која поминуваат децата, како и нивните семејства е болна, тешка и долга“, велат од Клиниката за детски болести.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира