БРИТАНИЈА ЈА ЗГОЛЕМИ ТРЕВОГАТА ЗА КОРОНАВИРУСОТ И ОТВОРИ МОЖНОСТ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НОВИ РЕСТРИКЦИИ

    БРИТАНИЈА ЈА ЗГОЛЕМИ ТРЕВОГАТА ЗА КОРОНАВИРУСОТ И ОТВОРИ МОЖНОСТ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НОВИ РЕСТРИКЦИИБројот на нови случаи на зараза во Британија е поголем секој ден (Фото: Гети)

    Велика Британија ја зголеми тревогата за коронавирусот од 3 на 4, што значи дека пренесувањето е високо или расте експоненцијално, објавија здравствените власти, што отвора можност за воведување нови рестрикции во земјата.

    Ова следува откако научниот советник на владата предупреди дека во октомври би можело да има 50.000 нови случаи на коронавирус дневно ако ништо не се преземе. Премиерот Борис Џонсон утре ќе се обрати во парламентот.

    Во Британија денеска имаше 4.368 нови случаи на зараза, откако претходниот ден беа 3.899.

    „Нашата земја се ближи кон точка на вриење и секој треба да придонесе во спречувањето на ширењето на вирусот“, изјави министерот за здравство Мет Хенкок.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира