САД ЈА НАДМИНАА БРОЈКАТА ОД 200.000 МРТВИ ОД КОВИД-19

    САД ЈА НАДМИНАА БРОЈКАТА ОД 200.000 МРТВИ ОД КОВИД-19САД од април се глобален епицентар на пандемијата (Фото: АП)

    САД станаа прва земја со повеќе од 200.000 починати од ковид-19, објави универзитетот Џонс Хопкинс. Повеќе од 6,8 милиони жители на САД досега се заразиле со коронавирусот, што е најмногу на светот.

    Во март, претседателот Доналд Трамп кажа дека „земјата завршила добра работа“ доколку бројот на смртни случаи биде меѓу 100.000 и 200.000.

    Џонс Хопкинс денеска објави дека коронавирусот досега однесол 200.005 животи во САД. Првиот случај на зараза во САД беше потврден на 21 јануари. Трамп тогаш уверуваше дека ситуацијата е под целосна контрола, но во април, САД станаа глобален епицентар на пандемијата.

    Северна Дакота е сојузна држава која во последно време бележи најмногу нови случаи на коронавирус на ден, а бројката е во пораст и во Јута, Висконсин, Тексас и Јужна Дакота.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира