СУСПЕНДИРАНИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ ВО БИТОЛА ДА СЕ ВРАТАТ НА РАБОТА, ДА СЕ ЗЕМЕ ПРЕДВИД ПСИХОЛОШКИОТ МОМЕНТ, ПОБАРА НА ПРОТЕСТ ПОЛИЦИСКИОТ СИНДИКАТ

    СУСПЕНДИРАНИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ ВО БИТОЛА ДА СЕ ВРАТАТ НА РАБОТА, ДА СЕ ЗЕМЕ ПРЕДВИД ПСИХОЛОШКИОТ МОМЕНТ, ПОБАРА НА ПРОТЕСТ ПОЛИЦИСКИОТ СИНДИКАТПолицајци и други вработени лица во МВР со возила на кои беше прикачено македонското знаме, свирејќи два часа вртеа низ битолските улици барајќи надлежните да ја преиспитаат одлуката за суспензија на двајцата полицајци од Битола. (Фото: СДК.МК)

    Двајцата полицајци од Битола кои завршија со суспензија да се вратат на работа, а понатаму институциите како што се Јавното обвинителство и судовите да донесат соодветна одлука заснована на факти, побара Независниот синдикат на полицијата на денешниот мото протест во Битола. Полицајци и други вработени лица во МВР со возила на кои беше прикачено македонското знаме, свирејќи два часа вртеа низ битолските улици барајќи надлежните да ја преиспитаат одлуката за суспензија на двајцата полицајци од Битола. Едниот полицаец пред десетина дена истепа битолчанец од ромска националност по сообраќајна несреќа, а другиот не презеде мерки за да го спречи насилството.

    Претседателот на Независниот синдикат на полицијата Гоце Делчев Тодев побара институциите при донесувањето на конечната одлука да ги земат во предвид сите факти, па и втората снимка која излезе на социјалните мрежи на која, како што рече, се гледа дека едно од лицата се дрзнало да влезе во конфликт со полицијата.

    „Според наше видидување, постапувале соодветно односно законски, но се случува од психолошки аспект момент во кој самиот полициски службеник се доведува во ситуација да стане, да му врати и да се случи поголема беља. Мора да сме реални и да го земеме предвид сето она што го предизвикал граѓанинот, дали е тој Ром, Македонец или Албанец, не станува збор, туку станува збор за лице кое влегува во конфликт со полициски службеник на кој, условно кажано, му оди преку глава цела ситуација и моментот во кој се наоѓа. А психолошки влијае врз него и тоа што околу него се појавува поголема група на граѓани и мора да се земат предвид сите факти. Осудата за нив значи и осуда на нивните семејства“, рече Делчев Тодев.

    Денес во Битола има уште еден протест за поддршка на полицајците организиран од битолчани, а двете групи на крај ќе се соединат пред Јавното обвинителство и пред судот.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира