Американскиот претседател Доналд Трамп е пренесен в болница помалку од 24 часа по позитивниот тест за коронавирус. Белата куќа соопшти дека одлуката да се пренесе во Националниот воено-медицински центар Валтер Рид е донесена поради претпазливост.
Трамп од четвртокот има „благи симптоми“ на ковид-19 откако откри дека тој и сопругата се во карантин од средата. Белата куќа соопшти дека тој се чувствува „заморен, но расположен“. Меѓу симптомите е и слаба треска. Портпаролот на Белата куќа во изјавата рече: „Претседателот Трамп останува расположен, има лесни симптоми и работи во текот на целиот ден“. Лекарот на Трамп соопшти дека тој добива по 8 грама коктел со поликлонални антитела на Регенерон, лек што се дава за да се намали нивото на вирусот и за брзо опоравување.
Веста доаѓа на еден месец пред претседателските избори, на кои тој ќе се трка против демократскиот кандидат Бајден, кој денеска објави дека неговот тест е негативен.
Според Уставот на САД, ако Трамп стане премногу болен за да ги извршува своите должности, тој може привремено да му ги предаде своите овластувања на потпретседателот. Тоа значи дека Мајк Пенс ќе стане вршител на должноста претседател се додека Трамп не биде повторно во форма за да ја извршува функцијата.
Првата дама Меланија Трамп, која исто така е ковид позитивна, има блага кашлица и главоболка.