Серхиј Шевченко од Украина кај мажите победи на годинашниот 16. Скопски маратон со време од 02:22:49, а кај жените победи Луиза Гега од Албанија, со време од 02:35:34. Од македонските учесници, на државното првенство во маратон во организација на Атлетска федерација на Македонија победници се Дарио Ивановски со време од 02:31:16, и Адријана Поп Арсова со време од 02:58:14.
Во полумаратон победија двајца македонски тркачи, кај жените Милијана Ристиќ со врмее од 01:26:31, а кај мажите Атанас Анчевски со 01:14:09.
Скопскиот маратон се одржа денес под специјален протокол за заштита од ковид-19, и под мотото „Трчањето ќе те промени“. Поради пандемијата со ковид-19, на маратонот оваа година трчаа ограничен број на учесници, 1.500 во три дисциплини: маратон, полумаратон и штафетен маратон.
Скопскиот маратон се одржа денес под специјален протокол за заштита од ковид-19. (Фото: К. Попов)„Скопје е веќе познат како град кој одржува годишен маратон, што го става на мапата заедно со другите градови во Европската Унија и низ целиот свет кои што одржуваат вакви настани. Ова помага градот да се промовира и како дестинација за трчање, но и како туристичка дестинација. Маратоните отелотворуваат неколку вредности на ЕУ: лична благосостојба, солидарност, единство и разновидност“, евроамбасадорот Дејвид Гир.