ЈАПОНИЈА ДОНИРАШЕ 813.000 ЕВРА ЗА ИТНА ПОМОШ ЗА ЗДРАВСТВЕНИТЕ ИНСТИТУЦИИ

    ЈАПОНИЈА ДОНИРАШЕ 813.000 ЕВРА ЗА ИТНА ПОМОШ ЗА ЗДРАВСТВЕНИТЕ ИНСТИТУЦИИВицепремиер Никола Димитров и министерот за здравство Венко Филипче со јапонската амбасадорка Кеико Ханеда по денешното потпишување на грантот. (Фото: Јапонска амбасада)

    Јапонската амбасадорка Кеико Ханеда денеска со вицепремиерот Никола Димитров потпишаа и разменија ноти за грант помош од 813.000 евра за итна помош на здравствените институции кои се справуваат со КОВИД-19, соопшти Јапонската амбасада во Скопје.

    „Овој грант во вредност од 813.000 евра е за набавка на медицинска опрема и има цел да ги зајакне капацитетите на болниците како КОВИД-19 помош, дополнително од редовните половина милион евра грант помош кои секоја година се доделуваат на болници, училишта и општини во Северна Македонија“, се вели во соопштението.

    Во изминатите три години преку 30 проекти Јапонија обезбеди речиси 3 милиони евра неповратна помош, вклучувајќи го и културниот грант за Македонската опера и балет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира