Комисијата за претседателски дебати ја откажа втората дебата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кандидатот на Демократите Џо Бајден откако Трамп одби на учествува во виртуелна дебата и покрај тоа што му беше дијагностициран ковид-19, соопштија организаторите.
Откажувањето на дебата е кулминација на препукувањата меѓу Комисијата и кампањите на двајцата кандидати, па така она што требаше да биде трета претседателска дебата на 22 октомври во Нешвил изгледа ќе биде единствена преостаната дебата пред изборите на 3 ноември.
„Сега е очигледно дека нема да има дебата на 15 октомври и Комисијата за претседателски дебати ќе го насочи своето внимание на подготовки на последната претседателска дебата, закажана за 22 октомври“, соопшти Комисијата.
Комисијата завчера кажа дека дебатата која што требаше да се одржи во Мајами ќе биде виртуелна, бидејќи Трамп беше позитивен на тестот за коронавирус. Трамп веднаш го доби планот и кажа дека нема да учествува.