СЛОВЕНИЈА ПОВТОРНО ПРОГЛАСИ ЕПИДЕМИЈА НА КОРОНАВИРУСОТ

    СЛОВЕНИЈА ПОВТОРНО ПРОГЛАСИ ЕПИДЕМИЈА НА КОРОНАВИРУСОТВладата на Јанез Јанша сега има можност да воведе дополнителни рестрикции (Фото: Дневник)

    Словенија прогласи 30-дневна епидемија на коронавирусот среде големиот пораст на бројот на нови случаи на зараза. Тоа ќе ѝ овозможи на владата да воведе дополнителни рестрикции, но засега не е познато кои ќе бидат тие мерки.

    „Прогласувањето на епидемија зависи од бројките, не од нашите размислувања“, кажа премиерот Јанез Јанша и ги повика граѓаните да се однесуваат одговорно.

    Во моментов, Словенија има стапка од 328 заразени на 100.000 жители и 265 хоспитализирани пациенти со ковид-19, со што, според Јанша, се надминати условите за прогласување епидемија.

    Словенија првпат прогласи епидемија на коронавирусот на 12 март и во мај стана прва земја во Европа која ја укина. Во изминатите денови, земјата постојано бележи нови рекорди во бројот на новозаразени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира