ВО ВТОРИОТ ДЕЛ ОД ГРАДСКИ ПАРК ИЗВЕДЕН УШТЕ ЕДЕН ПАМПТРАК ПОЛИГОН И ВОВЕДЕНО ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ

    ВО ВТОРИОТ ДЕЛ ОД ГРАДСКИ ПАРК ИЗВЕДЕН УШТЕ ЕДЕН ПАМПТРАК ПОЛИГОН И ВОВЕДЕНО ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕНовиот памптрак полигон зафаќа површина од над 700 квадратни метри и е наменет за деца и возрасни од различни возрасти.(Фото: Град Скопје)

    Во вториот дел од Градскиот парк, Град Скопје изведе нов памптрак полигон за велосипеди и скејтборди.

    Новиот памптрак полигон зафаќа површина од над 700 квадратни метри и е наменет за деца и возрасни од различни возрасти. Градот Скопје преку своите јавни претпријатија се погрижи овој простор да добие соодветно осветлување, хортикултурно уредување и фонтана за вода. Со цел овој простор да биде попристапен за граѓаните целосно беше реконструиран и големиот паркинг во непосредна близина, каде отсега ќе се плаќа паркирањето.

    Ова е втор памптрак изграден во Скопје, првата ваква адреналинска патека лани беше оформена на просторот пред Олимпискиот базен.

    Донатор и изведувач на велодромот е Стопанска банка АД – Скопје.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира