Со 641 нов позитивен случај на ковид-19 од 2.688 тестирања во последните 24 часа, земјава ја бележи највисоката дневна бројка на заболени од почетокот на коронакризата, а починаа 12 лица.
Според Министерството за здравство, најмногу новозаболени има во: Скопје-325 и Прилеп-38, па следат: Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Тетово-25, Струга-5, Велес-10, Битола-14, Охрид-10, Кавадарци-25, Гостивар-11, Гевгелија-20, Струмица-24, Крива Паланка-9, Радовиш-5, Крушево-1, Кочани-10, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Кратово-3, Свети Николе-3, Кичево-18, Ресен-8, Неготино-7.
Починаa тројца пациенти од Скопје (52, 73 и 85), еден од Куманово (59), двајца пациенти од Прилеп (78 и 75), двајца од Велес (61 и 62), двајца пациенти од Гостивар (43 и 76), еден од Струмица (66) и еден пациент од Свети Николе (69).
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 20 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 108 пациенти. На кислородна поддршка се 80 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 2 мајки суспектни на вирусот. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 52, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На Инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 214, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Институтот за јавно здравје регистрира 233 оздравени пациенти од: Скопје-89, Куманово-6, Дебар-2, Штип-11, Прилеп-13, Тетово-15, Струга-3, Велес-3, Битола-14, Кавадарци-4, Гостивар-1, Гевгелија-2, Струмица-18, Крива Паланка-4, Радовиш-8, Кочани-25, Пробиштип-3, Берово-2, Валандово-2, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2, Кичево-2 и Неготино-1.
Вкупнo ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата има 24.836, оздравеа 17.905, починаа 862, а активни случаи има 6.069. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 10.493, активни 2.983
• Куманово 2.024, активни 252
• Дебар 310, активни 49
• Штип 1.486, активни 172
• Прилеп 973, активни 237
• Тетово 1.786, активни 314
• Струга 759, активни 78
• Велес 458, активни 113
• Битола 490, активни 152
• Охрид 543, активни 116
• Кавадарци 352, активни 102
• Гостивар 1053, активни 111
• Гевгелија 287, активни 150 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 44 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 630, активни 369
• Крива Паланка 193, активни 67
• Радовиш 184, активни 72
• Крушево 21, активни 1
• Кочани 583, активни 181
• Пробиштип 144, активни 16
• Демир Хисар 71, активни 10
• Македонски Брод 98, активни 4
• Пехчево 57, активни 11
• Берово 175, активни 46
• Валандово 86, активни 46
• Виница 154, активни 51
• Делчево 215, активни 118 (43 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 34, активни 8
• Свети Николе 430, активни 59
• Кичево 442, активни 96
• Ресен 210, активни 46
• Неготино 95, активни 39 (15 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2.688 теста се преку: ИЈЗ-693, ЦЈЗ Скопје-91, Авицена-702, Биотек-253, МАНУ -186, Жан Митрев (Филип Втори) -245, Систина со ПЦР метода -157, лабораторија Лаор –55, Судска медицина-32, ЦЈЗ Битола-161, Инфективна клиника-6, ГАК-11, Синлаб-96, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 226.612 тестирања на ковид -19.
Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
• Чаир – 134
• Гази Баба – 353
• Аеродром – 592
• Карпош – 479
• Центар – 476
• Кисела Вода – 332
• Ѓорче Петров – 240
• Бутел – 122
• Шуто Оризари – 17
• Студеничани – 6
• Сарај – 23
• Арачиново – 9
• Илинден – 49
• Сопиште – 25
• Чучер Сандево – 11
• Петровец –20
• Зелениково – 9
• Странец – 14
• Нераспределен- 72