ТРОЈЦА ПАЦИЕНТИ НАД 80 ГОДИНИ ПОЧИНАА ОД КОВИД-19 ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА ЗА 24 ЧАСА

    ТРОЈЦА ПАЦИЕНТИ НАД 80 ГОДИНИ ПОЧИНАА ОД КОВИД-19 ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА ЗА 24 ЧАСАПочинати од коронавирус во Велешко се вкупно 36 лица, од кои дваесет во последните 14 дена. - Инфективното одделение во болницата во Велес. (Фото: СДК.МК)

    Тројца пациенти позитивни на ковид-19 починаа на Инфективното одделение во Велешката болница изминатото деноноќие. Еден е жител на Велес, една жена е од Градско и пациент од Стари град – Чашка. Со ова вкупно починати од коронавирус  во Велешко има 36, од кои дваесет во последните 14 дена.

    „Вчера попладне почина пациент од Велес на 82 години со хипертензија и хронична аанемија, лекуван 15 дена. Утринава почина 82-годишна жена од Градско, лекувана три дена на Одделението, во тешка општа состојба, со ниска сатурација, претходно лекувана од хипертензија. Третиот починат пациент е маж на 86-годишна возраст од село Стари град, исто така примен на Одделението пред три дена, со ниска сатурација, без други пропратни заболувања“,  рече д-р Весна Николовска-Неделкова, портпаролка на Општата болница во Велес.

    На Инфективното одделение хоспитализирани се 50 пациенти, 43 се потврдено позитивни, седум се сомнителни со симптоми кои чекаат резултати од земен брис, а 16 пациенти се на кислородна поддршка.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира