ТРАМП ЈА ПОТКОПУВА ДОВЕРБАТА НА ЈАВНОСТА ВО ИЗБИРАЧКИОТ ПРОЦЕС, ВЕЛАТ МЕЃУНАРОДНИТЕ НАБЉУДУВАЧИ

    ТРАМП ЈА ПОТКОПУВА ДОВЕРБАТА НА ЈАВНОСТА ВО ИЗБИРАЧКИОТ ПРОЦЕС, ВЕЛАТ МЕЃУНАРОДНИТЕ НАБЉУДУВАЧИОд ОБСЕ велат дека не пронашле цврсти докази за обвинувањата за систематски неправилности, што ги изнесе Трамп (Фото: АФП)

    Меѓународните набљудувачи кои ги следеа претседателските избори во САД велат дека тамошниот систем на гласање поминал низ „екстремен стрес тест“ и предупредија дека Доналд Трамп ја поткопува довербата во него.

    Неоснованите обвинувања за систематски недостатоци, главно изнесени од актуелниот претседател, ја нарушуваат довербата на јавноста во демократските институции“, изјави Михаел Георг Линк, германски политичар кој ги набљудуваше изборите како дел од ОБСЕ.

    Тој ги повика американските власти да се потрудат секој глас да биде избројан.

    Набљудувачите на ОБСЕ речиси две децении ги следат изборите во САД на покана од Стејт департментот. Извештајот на групата укажа на голем број предизвици со кои се соочуваат вработените во изборните комисии.

    Нашите набљудувачи не пронајдоа цврсти докази за обвинувањата за систематски неправилности. Системот засега се држи доста добро. Имајќи го предвид екстремниот стрес тест на кој бил изложен, може да се каже дека американскиот избирачки процес го поминал тој тест“, изјави Уршула Гацек, која ја предводи мисијата на ОБСЕ во САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира