ЛИЦАТА НАД 60 ГОДИНИ НАЈБРОЈНИ МЕЃУ КОВИД ЗАБОЛЕНИТЕ ЗА МИНАТАТА НЕДЕЛА, СМРТНОСТА ЗГОЛЕМЕНА ЗА 41,1 ОТСТО

    ЛИЦАТА НАД 60 ГОДИНИ НАЈБРОЈНИ МЕЃУ КОВИД ЗАБОЛЕНИТЕ ЗА МИНАТАТА НЕДЕЛА, СМРТНОСТА ЗГОЛЕМЕНА ЗА 41,1 ОТСТОНајголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, 3.256 или 44,7%. (Фото: К. Попов)

    Возрасната група на лица над 60 години е најзастапена меѓу заболените од ковид-19 за периодот од 2 до 8 ноември, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје.

    За тој период, тестирани се 19.719 материјали, што е зголемување од 13,3%, во однос на минатата недела. Регистрирани се 7.280 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, што претставува зголемување од 25,5% во однос на минатата недела. Од нив, 1.543 или 21,2% се над 60 години. Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30 до 39 години (1452; 19,9%), од 40 до 49 (1403; 19,3%), од 50 до 59 (1401; 19,2%) и од 20 до 29 години (1090; 15,0%). Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 години (120; 1,6%) и од 10 до 19 години (252; 3,5%).

    Пријавени се 127 смртни случаи од 22 града, зголемување од 41,1% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 94 лица биле над 60 години, 19 лица на возраст од 50 до 59 години, 9 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години, 4 случаи во возрасната група од 30 до 39 години и 1 случај на возраст 20-29 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 120 или 94%.

    Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (3.256; 44,7%), со неделна инциденца – 527,2/100.000. Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 37%.

    Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 3.758 (51,6%) лица од машки и 3.522 (48,4%) од женски пол. По добиени два негативни теста или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 3.114 лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 852 лица повеќе во однос на претходната недела.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира