КУМАНОВО СО 100 НОВОЗАБОЛЕНИ ЗА 24 ЧАСА, НАЈВИСОКА БРОЈКА ВО КОРОНАКРИЗАТА

    КУМАНОВО СО 100 НОВОЗАБОЛЕНИ ЗА 24 ЧАСА, НАЈВИСОКА БРОЈКА ВО КОРОНАКРИЗАТАНајголем број од новозаболените се од веќе утврдени контакти и тоа семејни кластери или од приватните фирми и јавни институции; - Ковид-центарот во Куманово. (Фото: СДК.МК)

    Во Центарот за јавно здравје во Куманово во последните 24 часа регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19, што е највисока дневна бројка во оваа општина  од почетокот на коронакризата. Од новозаболените, 91 се во Куманово, 8 во Липково и еден во Старо Нагоричане.

    „Од сите тестирани 72 позитивни резултати се добиени преку Центарот за јавно здравје и 38 од приватните лаборатории. Во тек е анкетирање за да направиме целосна епидемиолошка слика. Од досегашното искуство, најголем број од новозаболените се од веќе утврдени контакти и тоа семејни кластери или од приватните фирми и јавни институции. Анкетите ќе покажат дали има и нови кластер“, вели епидемиологот д-р Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здравје Куманово.

    Во Куманово досега има 2.828 заболени од ковид-19, а активни се 738 пациенти.

    На ниво на државата вчера беа регистрирани 1.321 нови случаи на ковид-19 од 3.836 тестирања.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира