Од Велешката болница попладнево соопштија дека двајца пациенти од Свети Николе, кои биле хоспитализирани на Инфективното одделение, починале од ковид-10. Денеска на Инфективното одделение починал маж од Свети Николе на 69 години примен пред две дена во тешка состојба, потврден позитивен.
Вчера починал друг пациент од Свети Николе на 62-годишна возраст, кој бил примен на 9 ноември со ниска сатурација на кислород, прв тест на ковид-19 негативен, вториот тест позитивен.
Вкупниот хоспитализирани во Велешката болница се 77 болни, од кои 63 потврдени позитивни, 11 сомнителни и 3 негативни но со симптоми, 23 пациенти се на кислородна поддршка. На Инфективното се сместени 50, на Интерното 13 и на Одделението за Физикална медицина 14.
П. ПЕЧКОВ