ПОВРЕДЕНИ ПОЛИЦАЈЦИ И 20 УАПСЕНИ ЛИЦА НА ПРОТЕСТОТ ЗА ПОДДРШКА НА ТРАМП ВО ВАШИНГТОН

    ПОВРЕДЕНИ ПОЛИЦАЈЦИ И 20 УАПСЕНИ ЛИЦА НА ПРОТЕСТОТ ЗА ПОДДРШКА НА ТРАМП ВО ВАШИНГТОНРелативно мирните протести во текот на денот, станаа насилни во приквечерието, а ескалираа ран утрината. (Фото: АП)

    Најмалку едно лице е прободено и 20-тина се уапсени, откако синоќа во Вашингтон се судрија илјадници поддржувачи на претседателот Доналд Трамп кои протестираа  против резултатите од претседателските избори и контрадемонстрантите. Поддржувачи на Трамп вчера се собираа и во други градови, бидејќи не сакаат да ја прифатат победата на демократот Џо Бајден и ја оспоруваат легитимноста на изборите.

    Широка коалиција на највисоки владини официјални лица и лица од информатичката индустрија изјавија дека изборите од 3 ноември и пребројувањето на гласовите помина без пречки, со минорни вообичаени неправилности, и ги прогласи за „најбезбедни избори во историјата на САД“, побивајќи ги напорите на Трамп да го оспори интегритетот на изборниот процес. Бајден води со голема предност во клучните држави и ниедна од тие минорни неправилности не може да го смени изборниот резултат.

    Релативно мирните протести во текот на денот, станаа насилни во приквечерието, а ескалираа рано утрината. Властите соопштија дека ќе се поднесат голем број на пријави, меѓу кои за напад и поседување оружје. Двајца полицајци се повредени, а најдени се и доста пиштоли.

    Трамп ги одобри собирањата и ги поздрави додека со неговата поворка се движеше низ поддржувачите на пат кон клубот за голф.

    „Само сакам да знае дека го поддржуваме“, изјави Антони Витакер, еден од демонстрантите.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира