„МОДЕРНА“ ОБЈАВИ ДЕКА НЕЈЗИНАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 ОБЕЗБЕДУВА ЗАШТИТА ОД 94,5%

    „МОДЕРНА“ ОБЈАВИ ДЕКА НЕЈЗИНАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 ОБЕЗБЕДУВА ЗАШТИТА ОД 94,5%Од „Модерна“ кажаа дека во наредните недели ќе аплицираат за одобрување на нивната вакцина (Фото: АП)

    Американската фармацевтска компанија „Модерна“ објави дека нејзината вакцина против ковид-19 е речиси 95-процентно ефективна. Ова следува само неколку дена откако и „Фајзер“ и „БиоНТек“ објавија слични охрабрувачки резултати за вакцината што заеднички ја развиваат. И „Модерна“, како и овие две компании, користеше крајно иновативен и експериментален пристап во развојот на вакцина.

    „Ова е голем ден“, соопшти „Модерна“ и најави дека ќе аплицира за одобрувањето на вакцината во наредните неколку недели.

    Во истражувањето во САД учествувале 30.000 доброволци, од кои половина примиле две дози од вакцината во рок од четири недели. Анализата е заснована на првите 95 доброволци кои развиле симптоми на ковид-19, но само петмина од нив ја примиле вакцината.

    „Ова кажува дека нашата вакцина обезбедува заштита од 94,5%“, соопшти „Модерна“.

    Податоците покажуваат дека во истражувањето имало и 11 сериозни случаи на ковид-19, но ниеден од нив не ја примил вакцината.

    И пристапот на „Модерна“ се базира на вбризгување на генетскиот код на вирусот со цел да предизвика имунолошка реакција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира