ЕУ ГИ ПОВИКА ПОЛСКА И УНГАРИЈА ДА ГО ТРГНАТ ВЕТОТО ОД БУЏЕТОТ ЗА ДА МОЖЕ ДА ПОЧНЕ ЕКОНОМСКОТО ЗАЗДРАВУВАЊЕ ОД ПАНДЕМИЈАТА

    ЕУ ГИ ПОВИКА ПОЛСКА И УНГАРИЈА ДА ГО ТРГНАТ ВЕТОТО ОД БУЏЕТОТ ЗА ДА МОЖЕ ДА ПОЧНЕ ЕКОНОМСКОТО ЗАЗДРАВУВАЊЕ ОД ПАНДЕМИЈАТАПолска и Унгарија изразија стравувања дека ЕУ ќе го искористи новиот механизам за да ги казни за нивните конзервативни политички ставови (Фото: АП)

    Додека Европската Унија се наоѓа на раб на срамна криза, Германија ги повика сите членки да ги тргнат разликите на страна и да го усвојат шестгодишниот буџет од 1.800 милијарди евра, кој вчера беше блокиран од Полска и Унгарија. Буџетот содржи и фонд од 750 милијарди евра за заздравување на економијата од пандемијата на коронавирусот.

    Германскиот министер за европски прашања Михаел Рот кажа дека нема време за губење, додека социјалните и економските последици од ковид-19 остануваат врвен приоритет на шестмесечното претседателствување на Германија со ЕУ.

    Мора да обезбедиме фондовите да стигнат најбрзо што може до оние на кои најмногу им се потребни. Нашите граѓани во сите земји членки сметаат на нас. Нема изговори за натамошни одложувања“, изјави Рот.

    Полска и Унгарија вчера ставија вето на буџетот поради неодамна усвоената клаузула која вели дека европските фондови ќе се одобруваат само ако се почитува владеењето на правото. Овие пари, од кои и Полска и Унгарија треба да добијат милијарди, се клучни за повеќето членки на ЕУ, чии економии се опустошени од пандемијата.

    Унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно им пиша на Ангела Меркел, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и на првиот човек на Европскиот совет Шарл Мишел дека планира да стави вето. Полската влада, пак, изрази стравувања дека Европската комисија ќе го искористи новиот механизам за да ги казни Варшава и Будимпешта за нивните конзервативни политички ставови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира