СТАВИВМЕ ВЕТО НА БУЏЕТОТ НА ЕУ ОТИ ЌЕ НЀ ПРИНУДУВАА ДА ПРИМАМЕ МИГРАНТИ, КАЖА ОРБАН

    СТАВИВМЕ ВЕТО НА БУЏЕТОТ НА ЕУ ОТИ ЌЕ НЀ ПРИНУДУВАА ДА ПРИМАМЕ МИГРАНТИ, КАЖА ОРБАНОрбан тврди дека Унгарија е посветена на почитувањето на владеењето на правото, што е услов за добивање европски фондови (Фото: Ројтерс)

    Унгарија стави вето на буџетот на Европската Унија зашто ќе нѐ принудуваа да примаме мигранти, кажа премиерот Виктор Орбан.

    Таа заедно со Полска го блокираше изгласувањето на седумгодишниот буџет од 1.800 милијарди евра, кој вклучува и фонд од 750 милијарди наменет за заздравување од последиците на пандемијата на коронавирусот. Сепак, ЕУ неодамна го услови одобрувањето на фондовите со почитувањето на владеењето на правото.

    „Доколку го прифатевме сегашниот предлог, тоа ќе значеше поддржување на имиграцијата и уценување на оние земји кои се противат на имиграцијата“, кажа Орбан.

    Тој вели дека Унгарија е посветена на почитувањето на владеењето на правото.

    „Оние што ги бранат своите граници и својата земја од мигранти во Брисел веќе не се класифицираат како некои што го почитуваат законот. Ние во јули ги поддржавме и буџетот и фондот за заздравување зашто сме посветени на европската солидарност“, кажа Орбан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира