ДИСТРИБУЦИЈАТА НА ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 НА „ФАЈЗЕР“ БИ МОЖЕЛА ДА ПОЧНЕ ПРЕД БОЖИЌ

    ДИСТРИБУЦИЈАТА НА ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 НА „ФАЈЗЕР“ БИ МОЖЕЛА ДА ПОЧНЕ ПРЕД БОЖИЌЕвропската Унија би можела да ја одобри вакцината во втората половина на следниот месец (Фото: АП)

    „Фајзер“ и „БиоНТек“ очекуваат американските и европските регулатори да ја одобрат нивната вакцина против ковид-19 следниот месец, откако завршните тестирања покажале дека таа обезбедува 95-процентна заштита и нема сериозни споредни ефекти.

    Утврдено е дека ефективноста на вакцината е константна низ сите возрасти, што е охрабрувачки знак, имајќи предвид дека старите лица се едни од најранливите категории во пандемијата.

    „Агенцијата за храна и лекови на САД би можела да даде итно одобрување за вакцината до средина на декември. Одобрувањето од Европската Унија се очекува во втората половина на декември. Ако сѐ помине добро, дистрибуцијата на вакцината би можела да почне пред Божиќ, но ова е најоптимистичката варијанта“, изјави извршниот директор на „БиоНТек“, Угур Шахин.

    Од 170-те волонтери кои се заразиле со коронавирус во тестирањето во кое учествувале над 43.000 луѓе, 162 примиле плацебо, не и вакцина, што значи дека таа има ефективност од 95%. Од десетте луѓе кои развиле сериозна форма на ковид-19, никој не ја примил вакцината.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира