СПРЕЧУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА ДА ГИ ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ Е ПРОТИВ СТАБИЛНОСТА НА РЕГИОНОТ, СООПШТИ ЗАЕВ ПО СРЕДБАТА СО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА

    СПРЕЧУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА ДА ГИ ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ Е ПРОТИВ СТАБИЛНОСТА НА РЕГИОНОТ, СООПШТИ ЗАЕВ ПО СРЕДБАТА СО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКААмериканската амбасадорка Кејт Брнз ги поздравиле постапките на Владата за сузбивање на потпалувачкиот говор во јавноста по ветото од Бугарија - од средбата во Кабинетот - Фото: Влада на РСМ)

    Решавањето на билатералните прашања треба да остане надвор од преговарачката рамка меѓу Северна Македонија и ЕУ, а секое противење или оневозможување на овој процес е на директна штета на кохезијата на трансатлантското семејство на народи и спротивно на интересите за стабилност и демократија во регионот, соопшти Владата по состанокот меѓу премиерот Зоран Заев и амбасадорката на Соединетите Американски Држави Кејт Брнз, на кој се разговарало за актуелните процеси поврзани со евроинтеграциите.

    На средбата било констатирано дека двете држави посакуваат преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија да започнат до крајот на годинава, како влог во стабилност на регионот и како важен процес за обезбедувањето просперитет за граѓаните.

    Според соопштението од Кабинетот на Заев, амбасадорката Кејт Брнз ги поздравила постапките на Владата за сузбивање на потпалувачкиот говор во јавноста по ветото на Бугарија за почеток на пристапните преговори. Таа му дала поддршка на напорите на Владата да се одржи конструктивниот и отворен дијалог по однос на овие прашања.

    Амбасадорката Брнз и премиерот Заев разгиварале и за стратешката соработка меѓу Република Северна Македонија и САД и за предизвиците во справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД-19.

    Во четвртокот САД ги повикаа Бугарија и Северна Македонија да ги решат билатералните спорови надвор од пристапниот процес, за да се постигне заедничката цел за членство на Македонија во Европската Унија.

    „Ние сме јасни во нашата желба да видиме кандидатурата на Северна Македонија да влезе во преговарачката рамка до крајот на оваа година“, рече портпаролот на Стејт департментот, нагласувајќи дека ги поздравува напорите за преговори, како и дека „одлуката на ЕУ во март, да ги отвори пристапните преговори со Северна Македонија беше позитивен чекор, и го негираше лажниот наратив дека трансатлантската заедница го запоставила Балканот“, изјави за Гласот на Америка на македонски јазик портпаролот на Стејт департментот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира