БУГАРИЈА ГИ ПРИЗНАВА МАКЕДОНСКИТЕ ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТ КАКО РЕАЛНОСТ И НИЗ ТИЕ ФОРМУЛАЦИИ ЌЕ СЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ, ВЕЛИ ЗАЕВ

    БУГАРИЈА ГИ ПРИЗНАВА МАКЕДОНСКИТЕ ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТ КАКО РЕАЛНОСТ И НИЗ ТИЕ ФОРМУЛАЦИИ ЌЕ СЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ, ВЕЛИ ЗАЕВЗаев вели дека со Бугарија не се разговара за отстапки, туку се зборува за решенија. - Заев со Борисов и Захариева (архивска фотографија)

    Премиерот Зоран Заев вели дека не сме далеку од договор со Бугарија да се одблокира почетокот на пристапните преговори со ЕУ. Заев, одговарајќи на новинарски прашања на маргините на Македонскиот енергетски форум, рече дека се развиваат идеи и се разглобуваат секакви варијанти за решение на спорот со Бугарија.

    „Не сме далеку од договор. Верувам дека ќе се случи до вториот Совет на министри на ЕУ на 8, 9 или 10 декември, кога и да е е, една средба меѓу мене и Борисов. Се развиваат идеи, се разглобуваат секаков вид на варијанти во духот на дигнитетот на двата пријателски народи да се изнајде европско решение со вградени европски вредности“, кажа Заев.

    Тој вели дека со Бугарија не се разговара за отстапки, туку се зборува за решенија, бидејќи, како што рече тој, постојат начини и тоа да се реши.

    „Драго ми е што Бугарија го признава македонскиот јазик и македонскиот идентитет како наша реалност и низ тие формулации ќе се изнајдат решенија, заради тоа што решенија постојат“, кажа Заев.

    Бугарија стави вето на преговарачката рамка за Македонија на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ на 17 ноември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира