ПРЕЦИЗНО ГО СЛУШАМ МИЛОШОСКИ ОТИ НЕГОВИОТ ГЛАС Е ЧЕСТ ВО ПРИСЛУШУВАНИТЕ РАЗГОВОРИ, ВЕЛИ ЈАНЕВА

    ПРЕЦИЗНО ГО СЛУШАМ МИЛОШОСКИ ОТИ НЕГОВИОТ ГЛАС Е ЧЕСТ ВО ПРИСЛУШУВАНИТЕ РАЗГОВОРИ, ВЕЛИ ЈАНЕВА

    На прашањето на пратеникот Антонио Милошоски какви случаи работела во Основното јавно обвинителство во Гевгелија, односно дали имале случаи за организиран криминал и за злосторничко здружување, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева му одговори дека него попрецизно го слушала затоа што неговиот глас често го слушала во прислушуваните разговори. За нејзиното претходно искуство го упати да праша кај обвинителот Марко Зврлевски, кој на Јанева ѝ бил шеф.

    Милошоски го постави прашањето на вториот ден од расправата на собраниската Комисија за политички систем, на која се разгледува шестмесечниот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство.

    Седницата на комисијата сè уште е во тек.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира