ВО САД СЕ РОДИ БЕБЕ ОД ЕМБРИОН КОЈ БИЛ ЗАМРЗНАТ РЕКОРДНИ 27 ГОДИНИ

    ВО САД СЕ РОДИ БЕБЕ ОД ЕМБРИОН КОЈ БИЛ ЗАМРЗНАТ РЕКОРДНИ 27 ГОДИНИМалата Моли се роди во октомври, а три години порано, на ист начин се роди и нејзината сестра Ема

    Иако Моли Гибсон има само еден месец, таа можела да се роди во кој било момент во изминатите 27 години.

    Нејзиниот ембрион бил замрзнат во октомври 1992 и останал во таква состојба сѐ до февруари годинава, кога бил усвоен од Тина и Бен Гибсон. Се верува дека Моли постави нов рекорд за најдолго замрзнат ембрион кој резултирал со раѓање, а претходниот го држеше нејзината сестра Ема.

    „Пресреќни сме. Некој пред пет години да ми речеше дека ќе имам не едно, туку две девојчиња, би им рекла дека се луди“, изјави Тина Гибсон.

    Тие се бореле со неплодност речиси пет години, пред родителите на Бен да слушнат приказна за усвојување ембриони на една локална телевизија. Бен и Тина потоа го контактирале Националниот центар за донирање ембриони во Ноксвил, кој чува замрзнати ембриони што пациентите од ин витро оплодувањето решиле да не ги користат и избрале да ги донираат. Семејства како Гибсон имаат можност да усвојат еден од неискористените ембриони и да добијат бебе што не е генетски поврзано со нив. Се верува дека моментално во САД има околу еден милион замрзнати ембриони.

    Тина и Бен Гибсон првото дете на овој начин го добиле во 2017 година, од ембрион кој бил замрзнат 24 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира