Српскиот фолк пејач Џеј Рамадановски почина денеска во Белград поради проблеми со срцето. Имаше 56 години.
Роден во Белград, во ромско семејство со потекло од Ресен, Рамадановски имаше музичка кариера од скоро 4 децении по првите настапи во 1980-те на просторот на бивша Југославија. Има издадено 15 албуми, а една од неговите најпопуларни песни е „Недела“.