УШТЕ 25 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 И 365 ПОЗИТИВНИ ОД 947 ТЕСТОВИ

    УШТЕ 25 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 И 365 ПОЗИТИВНИ ОД 947 ТЕСТОВИВо болниците низ земјава се лекуваат вкупно 1.348 болни и има уште околу 180 кревети. (Фото: K. Попов)

    Дваесет и пет лицаа починаа од ковид-19 во последните 24 часа, а од 947 тестови регистрирани се 365 нови случаи на ковид-19.

    Починати се дванаесет пациенти од Скопје (74, 79, 75, 66, 75, 80, 82, 67, 75, 70, 71 и 61), еден од Куманово (67), тројца од Прилеп (73, 85 и 81), еден од Струга (81), двајца од Битола (47 и 74), двајца од Гостивар (45 и 84), еден пациент од Гевгелија (75), еден од Берово (85), еден од Делчево (87) и еден пациент од Неготино (65). Од нив, како што вели Министерството за здравство, двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

    Најмногу нови позитивни има во: Скопје-126, па во Куманово-27, Штип-19, Прилеп-9, Тетово-33, Велес-26, Битола-7, Охрид-2, Кавадарци-25, Гостивар-22, Гевгелија-12, Струмица-7, Крива Паланка-4, Радовиш-5, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-1, Кратово-1, Свети Николе-5, Кичево-3, Ресен-3, Неготино-23.

    Институтот за јавно здравје регистрира 1.059 оздравени пациенти од: Скопје-152, Куманово-154, Дебар-5, Штип-28, Прилеп-52, Тетово-130, Струга-37, Велес-20, Битола-30, Охрид-64, Кавадарци-40, Гостивар-205, Гевгелија-22, Струмица-3, Крива Паланка-9, Кочани-13, Пробиштип-5, Демир Хисар-10, Македонски Брод-2, Пехчево-4, Берово-8, Валандово-14, Виница-2, Делчево-4, Свети Николе-15, Ресен-10 и Неготино-21.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 83.32, оздравеа 44.705,  починаа 1.949, а активни случаи се 21.678. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 29.575, активни 10.729
    • Куманово 4.037, активни 650
    • Дебар 504, активни 123
    • Штип 2.896, активни 507
    • Прилеп 3.383, активни 988
    • Тетово 4.144, активни 1004
    • Струга 1.636, активни 450
    • Велес 2.237, активни 713
    • Битола 2426, активни 950
    • Охрид 1.823, активни 557
    • Кавадарци 1.477, активни 569
    • Гостивар 2.864, активни 937
    • Гевгелија 840, активни 266 (63 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 144 на Богданци и 12 се странски државјани)
    • Струмица 1.852, активни 578
    • Крива Паланка 487, активни 141
    • Радовиш 474, активни 125
    • Крушево 145, активни 76
    • Кочани 1.333, активни 250
    • Пробиштип 388, активни 86
    • Демир Хисар 211, активни 59
    • Македонски Брод 185, активни 39
    • Пехчево 108, активни 17
    • Берово 424, активни 117
    • Валандово 231, активни 52
    • Виница 397, активни 137
    • Делчево 537, активни 260 (154 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 170, активни 47
    • Свети Николе 916, активни 214
    • Кичево 1373, активни 454
    • Ресен 528, активни 207
    • Неготино 731, активни 376 (106 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 947 теста се преку: ИЈЗ-422, ЦЈЗ Скопје-37, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -112, Жан Митрев (Филип Втори)-124, Систина со ПЦР метода -181, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-3, ГАК-26, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -42, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 349.742 тестирања на ковид -19.

    Последните информации од Министерството, се дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на Инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е 1.348 и има околу 180 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира