БРИТАНИЈА ПРЕДУПРЕДИ ЛИЦАТА СО СЕРИОЗНИ АЛЕРГИИ ДА НЕ ЈА ПРИМААТ ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 НА „ФАЈЗЕР“

    БРИТАНИЈА ПРЕДУПРЕДИ ЛИЦАТА СО СЕРИОЗНИ АЛЕРГИИ ДА НЕ ЈА ПРИМААТ ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 НА „ФАЈЗЕР“Двајца медицински работници имале анафилактичка реакција поврзана со примањето на вакцината (Фото: Гети)

    Британските регулатори предупредија дека луѓето со историја на значителни алергиски реакции не би требало да ја примаат вакцината против ковид-19 на „Фајзер/Бионтек“, откако две лица развиле сериозни симптоми на првиот ден од масовната имунизација во Велика Британија.

    Директорот на Националната здравствена служба Стивен Пауис кажа дека двајца медицински работници имале анафилактичка реакција поврзана со примањето на вакцината.

    „Препорачуваме луѓето со значителни алергиски реакции да не ја примаат оваа вакцина, откако две лица со таква историја вчера имаа повратна реакција. И двете лица добро заздравуваат“, кажа Пауис.

    „Фајзер“ и „Бионтек“ засега не излегоа со коментар.

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира