СКОПЈАНИ СИ НАПРАВИЛЕ ПАТ ПРЕКУ ЖАРДИНИЕРА И ГО УНИШТИЛЕ ДРВОРЕДОТ НА НОВИОТ БУЛЕВАР ВО ОПШТИНА БУТЕЛ

    СКОПЈАНИ СИ НАПРАВИЛЕ ПАТ ПРЕКУ ЖАРДИНИЕРА И ГО УНИШТИЛЕ ДРВОРЕДОТ НА НОВИОТ БУЛЕВАР ВО ОПШТИНА БУТЕЛСега дел од велосипедската патека и жардиниерата се покриени со земја. (Фото: Град Скопје)

    Дел од новиот дрворед и жардиниерата на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош во скопската населба Бутел е уништен. За да направат пристап до плацевите кои се наоѓаат покрај булеварот, граѓаните си направиле импровизиран пат за движење со возила преку велосипедската патека и жардиниерата, а искорнале и неколку засадени дрва. Сега дел од велосипедската патека и жардиниерата се покриени со земја.

    „Инспектори од Инспекторатот на Град Скопје се излезени на самото место и го истражуваат овој случај на уништување на градското зеленило, а кон сторителите ќе биде изречена казна“, велат од Град Скопје.

    Булеварот Христијан Тодоровски-Карпош доби нов дрворед во есенската акција на Град Скопје за садење дрвја во повеќе скопски општини, која што е во тек.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира