Норвешката нискобуџетна авиокомпанија „Норвиџан“ го рекламира летот за Лос Анџелес, САД со слоганот „Бред е ерген“. Овие реклами за новиот лет од Лондон за Лос Анџелес се објавени во печатени медиуми, а доаѓаат по веста дека се разведува најславната холивудска двојка Бред Пит и Анџелина Џоли.
„Норвиџан“ неколку години по ред е прогласена за најдобра нискобуџетна компанија во Европа, а од 2013 има и прекуокеански летови на дестинации од различни градови во Европа до различни градови до САД.
Анџелина Џоли во понеделникот поднесе барање за развод поради „непомирливи разлики“од Пит, со кого се во брак 2 години по 12-годишна врска и имаат 6 деца, поради. Пит изјави за магазинот „Пипл“ дека е „многу тажен“ што му завршил бракот и рече дека „она што е најважно е доброто на нашите деца“. Според бракоразводното барање, Џоли бара старателство над нивните 6 деца и бара судот на Пит да му додели право на посета. Нејзиниот адвокат рече дека одлуката е донесена „за добро на семејството“.
Американските медиуми објавија дека Пит е под истрага за вербално и физичко малтретирање на децата. Инцидентот наводно се случил додека семејството летало со нивниот приватен авион, кога напиениот Пит му се нафрлил на едно од децата, го пцуел и го зграпчил за лицето. Џоли и некои од другите деца биле присутни кога тоа се случило. Барањето за развод Џоли го поднела следниот ден.