МЕДИЦИНСКИТЕ ЕКСПЕРТИ ВО САД ГО ПРЕПОРАЧАА ОДОБРУВАЊЕТО НА ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 НА „ФАЈЗЕР“

    МЕДИЦИНСКИТЕ ЕКСПЕРТИ ВО САД ГО ПРЕПОРАЧАА ОДОБРУВАЊЕТО НА ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 НА „ФАЈЗЕР“Вакцината на „Фајзер“ досега ја одобрија Велика Британија, Канада, Бахреин и Саудиска Арабија (Фото: Ројтерс)

    Медицинските експерти кои ја советуваат американската Агенција за храна и лекови (ФДА) го препорачаа итното одобрување на вакцината против ковид-19 развиена од „Фајзер“ и „Бионтек“. Одлуката беше донесена откако 23-член панел се согласи дека придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците. Вакцината на „Фајзер“ досега е одобрена од Велика Британија, Канада, Бахреин и Саудиска Арабија.

    Таа сѐ уште треба да биде формално одобрена од ФДА, што се очекува во наредните денови.

    Препораката следува ден откако САД забележаа дневен рекорд од повеќе од 3.000 починати од ковид-19.

    „Вакцината може да ја имаме за неколку дена, а најранливите категории би можеле да ја примат веќе наредната недела“, изјави министерот за здравство Алекс Азар.

    Според владината програма за дистрибуција, наречена „Операција Ворп спид“, испораките на вакцината ќе почнат 24 часа по одобрувањето. „Фајзер“ планира да испорача во САД 6,4 милиони дози до крајот на декември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира