МЕДИЦИНСКА СЕСТРА ОД ЊУЈОРК ПРВА ВО САД ПРИМИ ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19

    МЕДИЦИНСКА СЕСТРА ОД ЊУЈОРК ПРВА ВО САД ПРИМИ ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19Сандра Линдзи ја прима вакцината на „Фајзер“ во Еврејскиот медицински центар во Лонг Ајленд (Фото: АП)

    Медицинска сестра од Лонг Ајленд, Њујорк, е прва личност во САД која прими вакцина против ковид-19, откако земјата денеска ја почна најголемата програма за имунизација во својата историја.

    Милиони дози од вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ се дистрибуирани денеска во 150 болници низ земјата и планирано е до април да бидат вакцинирани 100 милиони Американци. Ова следува само три дена откако Агенцијата за храна и лекови на САД даде итно одобрение за употреба на оваа вакцина.

    Почетокот на вакцинирањето се совпаѓа со ново големо ширење на коронавирусот, при што бројот на починати во САД се ближи кон 300.000. Низ земјата се хоспитализирани над 109.000 пациенти со ковид-19.

    „Ќе бидат потребни месеци пред вакцинирањето да ја достигне критичната маса. Ова е светло на крајот на тунелот, но долг тунел“, изјави гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, кој присуствуваше на историскиот настан во Еврејскиот медицински центар во Лонг Ајленд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира