ОД ПЕТОК ДО 21 ЈАНУАРИ КАФУЛИЊАТА И РЕСТОРАНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ДО 18 ЧАСОТ, ОДЛУЧИ ВЛАДАТА

    ОД ПЕТОК ДО 21 ЈАНУАРИ КАФУЛИЊАТА И РЕСТОРАНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ДО 18 ЧАСОТ, ОДЛУЧИ ВЛАДАТА„Мерката носи наслов 'Празнувај одговорно“, рече Заев. (Фото: К. Попов)

    Владата донесе одлука рестораните и кафулињата од 18  декември до 21 јануари на полноќ да работат до 18 часот, а не како досега 21 часот, кажа на денешната прес-конференција премиерот Зоран Заев. Владата го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за да се избегне зголемување на бројот на заболени од ковид-19 во престојниот период на празници.

    Забрането е и организирањето каков било тип прослави за време на новогодишните празници на отворен и на затворен простор од кои било физички и правни лица и јавни субјекти. Останува забраната за групирање на отворено на повеќе од 4 лица.

    „Целта е да издржиме уште малку пред ваквите рестрикции, за да не дозволиме заради празнувањата да расте бројот на новозаболени. Мерката носи наслов ‘Празнувај одговорно’, а целта е да се заштитиме од ковид-19 во предвечерието на вакцинацијата. Оваа година, мора да избереме меѓу задоволството и профитот од една страна, и здравјето од друга страна“, рече Заев.

    Министерот за здравство Венко Филипче утрово кажа дека сметаат оти работното време до 18 часот, со почитување на постоечките протоколи за време на нивната работа, нема да биде дополнителен ризик.

    „Но, повеќе часови по крај на работното време сметаме дека се ризик“, рече Филипче.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира