ВЕЛЕС ЌЕ ЈА ОТСТРАНИ БИСТАТА НА ПРВОБОРЕЦОТ БЛАГОЈ КИРКОВ ЗА ДА СЕ НАПРАВИ МЕСТО ЗА СКУЛПТУРИТЕ ОД ЛИКОВНАТА КОЛОНИЈА

    ВЕЛЕС ЌЕ ЈА ОТСТРАНИ БИСТАТА НА ПРВОБОРЕЦОТ БЛАГОЈ КИРКОВ ЗА ДА СЕ НАПРАВИ МЕСТО ЗА СКУЛПТУРИТЕ ОД ЛИКОВНАТА КОЛОНИЈАБистите на Кирков и на Џинот досега стоеја пред ОУ „Панко Брашнаров“ (Фото: СДК.МК)

    Манданата на местото на Брашнар, Брашнар на местото на Џинот, Џинот пред театар, а Кирков извиси. Поставувањето на новите скулптури од рециклиран материјал, изработени на колонијата која се одржа во октомври во Велес, ќе доведе до поместување на дел од бистите на великаните што се наоѓаат на јавните површини во градот.

    Бистата на првоборецот Благој Кирков, чие име носеше едно од згаснатите основни училишта, ќе се отстрани, но не се знае каде ќе се постави. Ова го најави градоначалникот Коцески, запрашан каде ќе бидат поставени делата од скулпторската колонија „Велес 2020“.

    „Скулптурата ‘Манданата‘, направена по ликот на Петре Прличко од филмот ‘Мис Стон‘, ќе биде поставена во дворот на Општината, каде што сега е бистата на Панко Брашнаров. Таа ќе биде преместена пред новото училиште кое го носи неговото име. Двете бисти кои сега се таму ќе се дислоцираат. На Јордан Хаџи Константинов Џинот ќе биде поставена пред театарот кој го носи името на овој преродбеник, а дополнително ќе одлучиме каде ќе ја поставиме онаа на борецот Благој Кирков“, кажа Коцевски.

    При згаснувањето на ОУ „Трајко Андреев“, бистата на овој првоборец беше заборавена во дворот. Потоа ја земаа и згрижија од Сојузот на борци од Велес и 12 години чекаат локалните власти да најдат соодветно место каде ќе ја постават.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира