Во последните 24 часа од ковид-19 починаа 31 пациент, а од 2.347 тестирања, регистрирани се 657 нови случаи на ковид-19.
Министерството за здравство соопшти дека починати се 10 десет пациенти од Скопје (93, 79, 73, 76, 69, 40, 84, 70, 61, и 88), тројца од Куманово (57, 74 и 81), еден од Дебар (81), пет од Прилеп (55, 58, 78, 70 и 56), двајца од Тетово (59 и 81), еден пациент од Струга (75), еден од Охрид (47), еден од Кавадарци (51), тројца од Гостивар (60, 75 и 68), двајца од Струмица (72 и 83), еден од Крушево (76) и еден пациент од Делчево (65). Од нив тројца пациенти се починати вон, останатите во болнички услови.
Новите случаи се регистрирани во: Скопје-323, Куманово-23, Штип-8, Прилеп-38, Тетово-19, Струга-15, Велес-22, Битола-36, Охрид-28, Кавадарци-25, Гостивар-17, Гевгелија-6, Струмица-13, Крива Паланка-6, Радовиш-10, Кочани-12, Пробиштип-4, Македонски Брод-4, Пехчево –1, Берово-7, Валандово-5, Виница-2, Делчево-7, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-5, Ресен-5, Неготино-11.
На Инфективните оддели во Скопје и во болниците се лекуваат 1.275 пациенти и има околу 230 празни болнички кревети во Ковид-центрите.
Институтот за јавно здравје регистрира 920 оздравени пациенти од: Скопје-349, Куманово-37, Дебар-8, Штип-29, Прилеп-70, Тетово-29, Струга-60, Велес-37, Битола-36, Охрид-28, Кавадарци-36, Гостивар-45, Гевгелија-5, Струмица-18, Крива Паланка-3, Радовиш-9, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Пехчево-4, Берово-9, Валандово-2, Виница-4, Делчево-24, Кратово-3, Свети Николе-10, Кичево-20, Ресен-9 и Неготино-14.
Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата се 76.251, оздравеа 52.413, починаа 2.225, а активни случаи се 21.613.
Од вчера се евидентираат три контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 32962, активни 11527
• Куманово 4374, активни 600
• Дебар 575, активни 161
• Штип 3119, активни 393
• Прилеп 3812, активни 847
• Тетово 4503, активни 999
• Струга 1847, активни 419
• Велес 2530, активни 637
• Битола 2766, активни 826
• Охрид 2136, активни 609
• Кавадарци 1803, активни 612
• Гостивар 3162, активни 739
• Гевгелија 995, активни 303 (69 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 169 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2079, активни 586
• Крива Паланка 542, активни 123
• Радовиш 553, активни 133
• Крушево 151, активни 69
• Кочани 1477, активни 263
• Пробиштип 420, активни 64
• Демир Хисар 224, активни 44
• Македонски Брод 206, активни 33
• Пехчево 123, активни 18
• Берово 463, активни 95
• Валандово 261, активни 57
• Виница 421, активни 103
• Делчево 636, активни 287 (177 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 177, активни 25
• Свети Николе 992, активни 172
• Кичево 1481, активни 335
• Ресен 579, активни 167
• Неготино 882, активни 367 (141 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2.347 теста се преку: ИЈЗ-357, ЦЈЗ Скопје-72, Авицена-237, Биотек-158, МАНУ -168, Жан Митрев (Филип Втори)-165, Систина со ПЦР метода -195, лабораторија Лаор –41, Судска медицина-8, ЦЈЗ Битола-37, Инфективна клиника-6, ГАК-0, Синлаб-47, Ремедика-19, лабораторија болница Козле-17, ЈЗУ (рапид тест) -819, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 373.738 тестирања на ковид -19.