22 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ОД КОИ ДЕВЕТМИНА ВО ПРИЛЕП, 129 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД 591 ТЕСТ

    22 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ОД КОИ ДЕВЕТМИНА ВО ПРИЛЕП, 129 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД 591 ТЕСТДосега во земјата се направени вкупно 381.207 тестирања на ковид -19. (Фото: К. Попов)

    Дваесет и двајца пациенти починати од ковид-19, сите во болнички услови, објави Министерството за здравство.

    Од 591 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 129 нови случаи на ковид-19.

    Пријавени се девет починати пациенти од Прилеп, од кои тројца се починати во изминатото деноноќие (85, 81, 87, 87, 70, 96, 69, 79 и 68). Другите починати се тројца пациенти од Скопје (44, 61 и 67), еден од Куманово (88), еден од Дебар (43), од Штип (64), двајца од Струга (86 и 78), еден пациент од Велес (75), од Битола (58), од Гевгелија (72.), од Делчево/ Македонска Каменица (86) и еден пациент од Кичево (69).

    Новите случаи се регистрирани во: Скопје-63, Куманово-4, Штип-4, Прилеп-14, Тетово-7, Велес-4, Битола-1, Охрид-2, Кавадарци-12, Гостивар-2, Гевгелија-4, Струмица-1, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-1, Пехчево-1, Берово-1, Виница-1, Делчево-1, Кичево-3, Неготино-1.

    На Инфективните оддели во Скопје и во болниците низ државата лежат 1.197 пациенти и има околу 280 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

    Институтот за јавно здравје регистрира 1.122 оздравени пациенти од: Скопје-275, Куманово-29, Дебар-35, Штип-25, Прилеп-67, Тетово-34, Струга-3, Велес-51, Битола-89, Охрид-8, Кавадарци-84, Гостивар-43, Гевгелија-20, Струмица-15, Крива Паланка-14, Радовиш-7, Крушево-2, Кочани-17, Пробиштип-13, Демир Хисар-5, Пехчево-7, Берово-21, Валандово-3, Виница-41, Делчево- 79, Свети Николе-11, Кичево-62, Ресен-24 и Неготино-38.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 78.434, оздравени се 55.155, почина 2.314, а активни случаи се 20.965.

    Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 33844, активни 11609
    • Куманово 4469, активни 576
    • Дебар 590, активни 139
    • Штип 3193, активни 362
    • Прилеп 3945, активни 792
    • Тетово 4609, активни 970
    • Струга 1904, активни 404
    • Велес 2603, активни 568
    • Битола 2867, активни 716
    • Охрид 2218, активни 627
    • Кавадарци 1892, активни 557
    • Гостивар 3231, активни 657
    • Гевгелија 1060 активни 314 (71 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 180 на Богданци и 12 се странски државјани)
    • Струмица 2158, активни 619
    • Крива Паланка 567, активни 121
    • Радовиш 578, активни 133
    • Крушево 155, активни 68
    • Кочани 1516, активни 254
    • Пробиштип 428, активни 52
    • Демир Хисар 227, активни 39
    • Македонски Брод 208, активни 33
    • Пехчево 129, активни 15
    • Берово 469, активни 76
    • Валандово 274, активни 55
    • Виница 430, активни 65
    • Делчево 643, активни 211 (177 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 181, активни 24
    • Свети Николе 1010, активни 146
    • Кичево 1512, активни 275
    • Ресен 600, активни 149
    • Неготино 924, активни 339 (147 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 591 теста се преку: ИЈЗ-135, ЦЈЗ Скопје-28, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -79, Жан Митрев (Филип Втори)-93, Систина со ПЦР метода -155, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-2, ГАК-26, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -73, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 381.207 тестирања на ковид -19.

    Активни случаи по општини во Скопје (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
    Гази Баба – 1712
    Аеродром – 1589
    Кисела Вода – 1560
    Карпош – 1522
    Центар – 1309
    Ѓорче Петров – 1071
    Чаир – 697
    Бутел – 591
    Илинден – 312
    Шуто Оризари – 187
    Сарај – 176
    Петровец – 113
    Зелениково – 110
    Чучер Сандево – 103
    Сопиште – 85
    Студеничани – 59
    Арачиново – 23
    Странец – 274
    Нераспределени – 116

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира