РАЗГОВАРАМЕ СО АЛБАНИЈА И ГРЦИЈА ЗА СПАС НА ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО, МАКЕДОНИЈА ВЕЌЕ ИЗРАБОТИ АКЦИСКИ ПЛАН, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ НУРЕДИНИ

    РАЗГОВАРАМЕ СО АЛБАНИЈА И ГРЦИЈА ЗА СПАС НА ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО, МАКЕДОНИЈА ВЕЌЕ ИЗРАБОТИ АКЦИСКИ ПЛАН, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ НУРЕДИНИНивото на Преспанското Езеро е пет и пол метри под нормалниот водостој (Фото: СДК.МК)

    Разговараме со Грција и Албанија за спас на Преспанското Езеро, членовите на Комитетот се номинирани, засега имавме електронска комуникација, но немаше можност да се сретнеме во живо, рече министерот за животна средина Насер Нуредини на денешната прес-конференција, запрашан што преземаат соседните држави за да се подобри состојбата во Преспа.

    „Имаме добра соработка, бидејќи станува збор за решение од три страни. Горд сум што работната експертска група ја заврши нашата домашна задача заедно со претставници од надлежните институции, академијата и невладиниот сектор. Со исклучителен студиозен напор, експертската група пристапи кон изработка на акциски план, а изработена е и финансиска конструкција. Планот е во владина процедура за усвојување. Се надевеме дека имплементацијата ќе започне што побрзо“, рече Нуредини.

    Нивото на Преспанското Езеро е пет и пол метри под нормалниот водостој. Во акцискиот план стои дека проблемот нема да исчезне без заедничка заштита од трите држави. Предвидено е формирање на прекугранична комисија за контрола на водите во сливот и езерото и поддржување на прекуграничната соработка на општините од трите соседни држави. Од албанската страна се бара да го провери истекот на водите од Мала Преспа кај месноста Грло во правец надвор од сливот кон Албанија и доколку има истек, тој да се спречи. Од Грција се бара да обезбеди постојано испуштање на одредена количина вода од Мала Преспа во големото езеро.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира