СРБИЈА ПОЧНА СО ВАКЦИНИРАЊЕТО ПРОТИВ КОВИД-19, ПРВАТА ВАКЦИНА ЗА ПРЕМИЕРКАТА БРНАБИЌ

    СРБИЈА ПОЧНА СО ВАКЦИНИРАЊЕТО ПРОТИВ КОВИД-19, ПРВАТА ВАКЦИНА ЗА ПРЕМИЕРКАТА БРНАБИЌБрнабиќ прва се вакцинираше за да покаже дека е безбедно (Фото: Б92)

    Премиерката Ана Брнабиќ го означи почетокот на вакцинирањето против ковид-19 во Србија, откако прва ја прими вакцината на „Фајзер/Бионтек“ во Институтот за вирологија и вакцини „Торлак“ во Белград.

    Во Србија пред два дена пристигнаа првите 4.875 дози од вакцината на „Фајзер“ и од министерството за здравство најавија дека во јануари ќе добијат уште 21.000.

    Покрај Брнабиќ, вакцина примија и министерката за труд, вработување и социјални прашања Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ и епидемиологот Предраг Кон. Претседателот Александар Вучиќ кажа дека одлучиле некои од врвот на власта да ја примат вакцината за да покажат дека е добра и безбедна.

    „Очекуваме наскоро да добиеме кинески и руски вакцини, а до крајот на март сигурно ќе ги имаме и вакцините на Оксфорд и ‘Модерна‘“, изјави Брнабиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира