ЌЕ СЛЕДИМЕ КАКО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ПОСТАПИ СО СОПСТВЕНИКОТ НА „БЕНТЛИТО“ КОЈ ВОЗЕШЕ НИЗ ПЛОШТАД, КАЖА ШИЛЕГОВ

    ЌЕ СЛЕДИМЕ КАКО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ПОСТАПИ СО СОПСТВЕНИКОТ НА „БЕНТЛИТО“ КОЈ ВОЗЕШЕ НИЗ ПЛОШТАД, КАЖА ШИЛЕГОВШилегов вчера објави слика од казната од 45 евра. (Фото: Фејсбук)

    Откако синоќа градоначалникот Петре Шилегов на својот фејсбук профил ја објави казната од 45 евра за сопственикот на „бентлито“ кое возеше низ Плоштадот Македонија, денес кажа дека тој ќе заработи и кривична пријава. Шилегов одговарајќи на новинарско прашање за малата казна на прекршителот рече дека тоа било првата реакција и дека во тек е постапката за поднесување кривична пријава.

    „Тоа што беше снимено на Плоштадот е скандалозно. Глобата од 45 евра која ја објавив вчера не значи дека туку завршува работата околу санкционирање на лицето. Ќе биде поднесена кривична пријава бидејќи има елементи на загрозување на безбедноста на сообраќајот. Ќе го држиме обвинителството под око како ќе постапи по овој случај“, кажа Шилегов.

    На социјалните мрежи вчера беше објавено видео како возило со голема брзина се движи од Порта Македонија низ новиот плочник кон Плоштадот Македонија, притоа минувајќи низ украсен новогодишен тунел каде граѓани се сликаат.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира