ЕУ И БРИТАНИЈА ПОСТИГНАА НОВ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА, ЏОНСОН ВЕЛИ ДЕКА ЌЕ ВРЕДИ 668 МИЛИЈАРДИ ФУНТИ ГОДИШНО

    ЕУ И БРИТАНИЈА ПОСТИГНАА НОВ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА, ЏОНСОН ВЕЛИ ДЕКА ЌЕ ВРЕДИ 668 МИЛИЈАРДИ ФУНТИ ГОДИШНОЏонсон вели дека ова е добар договор за цела Европа (Фото: ПА)

    Европска Унија и Велика Британија постигнаа нов трговски договор, ставајќи крај на неколкумесечни несогласувања околу правата за риболов и идните бизнис правила.

    „Ја повративме контролата врз нашите закони и нашата судбина. Иако преговорите беа жестоки, ова е добар договор за цела Европа и во интерес на работни места и просперитет“, изјави британскиот премиер Борис Џонсон.

    Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го опиша договорот како фер и избалансиран.

    „Ова беше долг пат полн со пречки, но сега можеме да презентираме добар договор. Време е да свртиме нов лист и да гледаме кон иднината“, кажа таа, додавајќи дека ќе има петгодишен преоден период за рибарската индустрија.

    Двете страни ја продолжуваат и соработката на полето на климатски промени, безбедност, енергија и транспорт.

    „Го постигнавме нашиот најголем договор досега, вреден 668 милијарди фунти годишно, договор што на нашите компании ќе им овозможи уште поголема соработка со нашите европски пријатели“, изјави Џонсон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира