ДЕДО МРАЗ НА САНКИ ЗА ПЕТ МИНУТИ ЈА ПРЕЛЕТА МАКЕДОНИЈА ЧЕТИРИ ЧАСА ПРЕД КАТОЛИЧКИОТ БОЖИЌ

    ДЕДО МРАЗ НА САНКИ ЗА ПЕТ МИНУТИ ЈА ПРЕЛЕТА МАКЕДОНИЈА ЧЕТИРИ ЧАСА ПРЕД КАТОЛИЧКИОТ БОЖИЌЛетот „Дедо Мраз 1“ е со регистрација „ХОХОХО“ и тип на авион „санка“. (Фото: ФлајтРејдар24/принтскрин)

    Дедо Мраз во четвртокот на 24 декември леташе цел ден ширум светот разнесувајќи подароци за Божиќ и Нова годинa и вечерта ја надлета и Македонија.

    Летот „Дедо Мраз 1“ со регистрација „ХОХОХО“ и тип на авион „санка“ од Северниот пол и обратно можеше да се следи на онлајн сервисот за следење воздушен сообраќај во живо „ФлајтРајдар24“, а лесно се разликува од останатите летови, бидејќи е обележан со четири санки.

    „Дедо Мраз 1“ лета многу побрзо од останатите авиони на небото за да може неколку пати да се врати на Северниот пол и да земе што е можно повеќе подароци.

    Во Македонија влезе во 20.04 часот кај Дојран, ги прелета Струмица, Виница, Берово, Пехчево и Делчево, пред да го напушти македонскиот воздушен простор во 20.09 часот.

    Санките на Дедо Мраз влегоа во воздушниот простор над Македонија меѓу Дојран и Струмица (Флајтрадар24)

    Санките на Дедо Мраз над Струмица се сретнаа со авион А320 на Бритиш ервејз на редовна линија од Ларнака на Кипар за лондонскиот аеродром Хитроу, кој леташе само 600 метри пониско.

    Санките на Дедо Мраз цел ден летаа на височина од 11.500 метри над земјата. Според податоците на флајтрадар24 санките се произведени пред 1.750 години.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира