ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ПРВА ЈА ОДОБРИ ВАКЦИНАТА НА ОКСФОРФД И „АСТРА ЗЕНЕКА“ КОЈА ПОЛЕСНО СЕ СКЛАДИРА

    ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ПРВА ЈА ОДОБРИ ВАКЦИНАТА НА ОКСФОРФД И „АСТРА ЗЕНЕКА“ КОЈА ПОЛЕСНО СЕ СКЛАДИРАБританија нарача 100 милиони дози, доволно за да се вакцинираат 50 милиони луѓе. (Фото: АП)

    Велика Британија стана првата земја во светот што ja одобри вакцината за коронавирус развиена од Универзитетот Оксфорд и „АстраЗенека“, а првите дози ќе се даваат од понеделник. Британија нарача 100 милиони дози, доволно за да се вакцинираат 50 милиони луѓе, што во комбинација со вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ ќе ја покрие целата популација

    Велика Британија со новата вакцина го промени и пристапот, приоритет ќе биде првата доза да се даде на што поголем број луѓе во ризични групи, со план да се вакцинираат над милион луѓе неделно, а втората доза ќе се даде по 12 недели. Вообичаено, втората доза се дава по 3 недели од првата.

    За разлика од вакцината на „Фајзер-Бионтек“, која треба да се складира на -70 C, оваа на „Оксфорд-АстраЗенека“ може да се чува во стандарден фрижидер, така што ќе биде полесно да се доставува до домови за згрижување лица и во ординации на матични лекари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира