50.000 ЕВРА ПОМОШ ОД ГРАД СКОПЈЕ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ПЕТРИЊA И ЗАГРЕБ

    50.000 ЕВРА ПОМОШ ОД ГРАД СКОПЈЕ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ПЕТРИЊA И ЗАГРЕБВо вчерашниот голем земјотрес од 6,2 степена по Рихтер во Петриња, Хрватска, загинаа 7 лица.(Фото:Јутарњи лист)

    Три милиони денари помош ќе додели Град Скопје за настраданите во земјотресите во Петриња и во Загреб. Советот на Град Скопје денеска во знак на солидарност донесе одлука да се додели помош од 2 милиони денари за Петриња и еден милион денари за Загреб.

    „Скопје е град на солидарноста и знае што значи помош по вакви катастрофи и затоа во кординација  со сите советнички групи во Град Скопје е свикана вонредна седница на Советот за да им се додели  помош на пријателите од  Загреб и од Петриња“, рече Шилегов.

    Во вчерашниот голем земјотрес од 6,2 степена по Рихтер во Петриња, Хрватска, загинаа 7 лица. Утринава од 6.15 до 6.30 часот во епицентралното подрачје имаше серија од три послаби потреси, од 3,9 до 4,8 степени. Од земјотресот материјалната штета е голема, во Петриња нема неоштетена куќа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира