Три деца попладнево се нападнати и каснати од куче во скопската општина Аеродром. Кучето е веќе заловено од тимовите на ЈП „Лајка“ и како што велат од таму станува збор за домашен миленик, германски овчар, а не улично куче.
Две од нападнати деца, како што велат очевидци, биле со дедото кога ги нападнало кучето и со такси возило биле однесени во болница.
Директорката на ЈП „Лајка“ Тина Петрушевска вели дека откако добила повик од граѓани веднаш со тимови за заловување излегле на местото и кучето е заловено и донесено во прифатилиштето.
„Домашниот миленик кој искаса три дечиња и нападна неколку наши сограѓани во општина Аеродром е во нашето прифатилиште. Благосостојбата на едните не треба да ја исклучува безбедноста на другите. Се надевам дека дечињата ќе закрепнат побрзо и овој немил настан ќе успеат да го избришат од својата меморија. Апелирам до сопствениците на домашни миленици да бидат одговорни и да не ги напуштаат“, вели Петрушевска.
Се работи на пронаоѓање на сопствениците на кучето.
А. АНТЕВСКА