НА НОВА ГОДИНА ЗАТВОРЕН ЛОКАЛ ВО БИТОЛА КАДЕ ИМАЛО ЗАБАВА И ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ОТКОЛКУ ШТО БИ СОБРАЛО ВО НОРМАЛНИ УСЛОВИ

    НА НОВА ГОДИНА ЗАТВОРЕН ЛОКАЛ ВО БИТОЛА КАДЕ ИМАЛО ЗАБАВА И ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ОТКОЛКУ ШТО БИ СОБРАЛО ВО НОРМАЛНИ УСЛОВИДва локали во Битола се затворени за Нова година поради кршење на ковид протоколите. (Фото: СДК.МК)

    За Нова година, инспекцијата на лице место затворила угостителски објект во Битола каде се правело забава и имало поголем број гости, соопшшти директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски. Во Битола за време за новогодишните празнувања бил затворен уште еден ресторан поради пречекорување на работното време.

    „Во Битола поради непочитување на протоколите и непочитување на работното време имаме затворено два угостителски објекти. Едниот го пречекорил работното време по 18 часот, затворен на 3 јануари, и уште еден објект затворивме на 31 декември спроти први јануари, каде во објектот се правело забава и внатре имало далеку повеќе луѓе отколку во нормални услови што би собирал самиот објект. Едниот објект е казнет со неработење 10 дена поради пречекорување на работното време зашто е како помал прекршок, а другиот е казнет 30 работни дена и си тече процедурата за прекршочната постапка при што ќе биде изречена и глоба според Законот за прекршоци“, рече Пануовски.

    И изминатите месеци се случуваше Инспекторот да затвори угостителски објекти во Битола поради непочитување на протоколите за заштита од коронавирусот.

    Според вчерашната статистика, во Битола активни се 485 ковид позитивни, а имаше и двајца починати.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира