ЃОРЧЕВ НАПРАВИ ДИПЛОМАТСКИ СПОР СО КОСОВО ПОРАДИ АЛБИН КУРТИ

a:1:{s:9:"td_source";s:36:"Приштина,(Инфошкип)

    ЃОРЧЕВ НАПРАВИ ДИПЛОМАТСКИ СПОР СО КОСОВО ПОРАДИ АЛБИН КУРТИ

    Косовското МНР побара објаснување од македонскиот амбасадор во Приштина Илија Страшевски за она што оттаму го опишаа како тенденциозен јазик на предизборната кампања во Македонија, во врска со Косово и важни косовски личности, јави „Инфошкип“.

    „Министерството за надворешни работи на Косово денеска побара објаснување од македонскиот амбасадор во Приштина во врска со развојот на случувањата на изминатите два дена во Собранието на Република Македонија, кадешто се споменуваат личности од Косово и името на државата Косово“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.

    Реакцијата на косовското МНР доаѓа  како последица на изјавите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ  во собранието, кои ги споменуваа имињата на генерал Кадри Кастрати пратеникот во косовското собрание, Албин Курти.

    На вчерашната седница на Комисијата за политички систем, на која се разгледуваше извештајот на СЈО, претседателот на комисијата Влатко Ѓорчев кажа дека „Албин Курти не делува конструктивно во косовскиот парламент, затоа што на секои две недели тој или неговите пратеници пуштаат солзавец во парламентот. Неконструктивно е кога истиот парламентарец ќе дојде во Република Македонија да се приклучи на Шарената револуција“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира