СРПСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ ДАЧИЌ И ВУЛИН ЈА ПРИМИЈА РУСКАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 ЗА ДА ДАДАТ ПРИМЕР

    СРПСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ ДАЧИЌ И ВУЛИН ЈА ПРИМИЈА РУСКАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 ЗА ДА ДАДАТ ПРИМЕРМинистерот за внатрешни работи Александар Вулин меѓу првите во Србија се вакцинираше со „спутник“ (Фото: Тањуг)

    Неколкумина видни српски политичари познати по своите проруски ставови денеска ја примија руската вакцина против ковид-19 „спутник“, во обид да покажат дека е безбедна.

    Меѓу првите кои во Србија ја примија оваа вакцина се претседателот на парламентот Ивица Дачиќ, министерот за внатрешни работи Александар Вулин и државниот секретар во министерството за здравство Мирсад Ѓерлек.

    Српските медиуми јавуваат дека оваа недела во земјата ќе бидат дадени 2.400 дози од вакцината „спутник“.

    „Јас и министерот Вулин се вакциниравме за да им дадеме пример на останатите наши граѓани. Против ковид-19 можеме да се бориме само со безбедни и ефективни вакцини“, изјави Дачиќ.

    Србија веќе доби и 25.000 дози од вакцината на „Фајзер/Бионтек“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира