ЖЕНА ЗАСТРЕЛАНА ВО КОНГРЕСОТ, ТРАМП ЈА ПРАЌА НАЦИОНАЛНАТА ГАРДА ДА ГИ СМИРИ НЕРЕДИТЕ ВО ВАШИНГТОН

    ЖЕНА ЗАСТРЕЛАНА ВО КОНГРЕСОТ, ТРАМП ЈА ПРАЌА НАЦИОНАЛНАТА ГАРДА ДА ГИ СМИРИ НЕРЕДИТЕ ВО ВАШИНГТОНПолицијата успеа да ја смири ситуацијата во крилото каде што е сместен Сенатот (Фото: Гети)

    Една жена се наоѓа во критична состојба откако била застрелана во зградата на Конгресот, во која упаднаа приврзаниците на Доналд Трамп, прекинувајќи ја седницата на која Џо Бајден требаше да биде потврден за нов претседател на САД. Засега се нејасни околностите на пукањето.

    Американските медиуми објавија дека во судирите се повредени неколкумина полицајци, од кои најмалку еден е превезен во болница.

    Снимките од местото на настанот покажуваат демонстранти како кршат прозорци на Капитол и влегуваат внатре. Полицијата во меѓувреме успеа да ја смири ситуацијата во крилото каде што е сместен Сенатот и оттаму да ги избрка упаднатите демонстранти.

    „Насилството и уништувањето што се случуваат во Конгресот мора веднаш да престанат. Почитувајте ги силите на редот и веднаш излезете надвор“, напиша Пенс на Твитер.

    Портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекенени, изјави дека Трамп им наредил на Националната гарда и на други федерални служби да помогнат во смирувањето на нередите во Вашингтон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира