Кралицата Елизабета Втора и нејзиниот сопруг принцот Филип примија вакцина против ковид-19, објави Бакингамската палата.
Извор од кралското семејство кажа дека вакцинирањето било спроведено денеска во замокот Виндзор и кралицата одобрила веста да излезе во јавност за да нема шпекулации. Деведесет и четиригодишната кралица и 99-годишниот Филип се меѓу 1,5 милиони Британци кои досега примиле вакцина против ковид-19.
Лицата над 80 години се меѓу првите во редот за вакцинирање во Велика Британија.
Кралската двојка го поминува карантинот во Англија во нејзиниот дом, замокот Виндзор и го избегна традиционалниот семеен собир за Божиќ.