ЛЕКОТ „ИВЕРМЕКТИН“ ДОЈДЕ ВО АПТЕКИТЕ, СЕ ЗЕМА СО РЕЦЕПТ ЗА ЛИЦЕ КОЕ БИЛО ВО КОНТАКТ СО КОВИД ПОЗИТИВЕН

    ЛЕКОТ „ИВЕРМЕКТИН“ ДОЈДЕ ВО АПТЕКИТЕ, СЕ ЗЕМА СО РЕЦЕПТ ЗА ЛИЦЕ КОЕ БИЛО ВО КОНТАКТ СО КОВИД ПОЗИТИВЕН„Иверкемтин“ се продава во аптеките за 299 денари, само со лекарски рецепт. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Лекот „ивермектин“ кој се зема превентивно и исклучиво со лекарска препорака, доколку лице било во контакт со ковид позитивен, од денеска е достапен во македонските аптекти, соопшти Министерството за здравство.  Лекот ERMETIN (ivermectin) таблета 3 мг x 10 во пакување, на производителот „World Medicine Ilac San.Ve.Tic“. од Турција во аптеките по одобрена малопродажна цена од 299 денари.

    „Овој лек може да се зема само со лекарски рецепт од матичен лекар или лекар специјалист. Истиот може да се употребува во домашно и болничко лекување, и да се земе превентивно, исклучиво со лекарска препорака, доколку лице било во контакт со ковид позитивен“, вели Министерството.

    Оттаму додаваат дека во тек се повеќе клинички студии кои ја евалуираат ефикасноста на „ивермектин“ кај пациенти со ковид-19, но,  прелиминарните резултати сугерираат дека има поволен ефект во профилакса на ковид-19 кај експонирани лица, како и во терапија на пациенти со лесна, средно-тешка и тешка клиничка слика.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира